СЕ КОПА НА ГРАМАДА КАЈ СТАРО БОНЧЕ

Почнаа археолошките истражувања на Старо Бонче на локацијата Грамада под три камна. Станува збор за некропола оддалечена на околу 1000 метри од монументалната кралска гробница од македонски тип на локалитетот Павла Чука. На Грамада под три камна е истражувано повеќепати до 2010 година. Досега се откриени дваесетина гробови, кои потекнуваат од раноантичкиот период, од 5-4 век п.н.е.

На локалитет досега се пронајдени сребрени фибули од малоазиски тип, монетите на македонските кралеви, железни копја, керамички садови и др.

– Се истражува да се добијат повеќе информации за времето и просторот во кој егзистирале некрополите во раната антика, а со тоа и да се дефинираат границите на градот за кој постои теорија дека е  главниот град на четвртатата македонска мерида – Пелагонија – вели раководителот д-р Антонио Јакимовски

Носител на проектот е Филозофски факултет од Скопје во соработка со Заводот и Музеј од Прилеп, а е финансиран од Министерство за култура и Управата за заштита на културното наследство.

Loading