ПЕТ КОЛА ДО ОПСТАНОК

Шах

На Државното шаховско екипно првенство во Охрид со шест екипи, меѓу кои и тимот на ГШК Прилеп со пет меча се води борба за  опстанок. За Прилеп настапуваат: ИМ Тони Кироски, Дејан Ѓорѓиески, Кире Николоски, Марјан Дамчески, Дарко Балов и Мартин Николовски. Првиот дуел беше најтешкиот противник, европскиот шампион Алкалоид Скопје, од кого е доживен пораз со 0-6. Натаму беа шансите за поправање на впечатокот – со Карпош Скопје, Четврти ноември Битола, Гамбит асеко Скопје и со Гостивар во последното коло кое е денеска.

Во Алкалоид е ВМ Звонко Станојоски.

Loading