ЧЕШАЊЕ СО СЕСТРА МИ

– Кај си Ата!

– Да го ватиш за глата.

– Убо ме блосој од сабајле…

– Не ти реков да умриш. Шо е муабетот. Имам триста работи.

– Кај си, шо прајш, те немам денетисано појче време, а комшија…

– Ти изгоре таквото. Купи ден, помини. Че сркниме по едно каве на сабајле со сестра Вера и…

– Од кога Вера ти е сестра?

– Ко брат и сесра сме. Цел ден дремиме. По некој муабет че излези. И толку. Само за чешање се бараме. Ништо друго комши.

– Значи на овие години треба да си јак само на прстите и ноктите. Не е страшно, ако е така?

– Душа сака некогаш и друго, ама… Да не тресиме глупости. После кавето, џизла в чаршија. Право кај Пеката, знајш над Филипо. Порано се оди да се вати позиција. Инаку че дремиш ко мисир на чатија.

– Таму, фиран си праел. Плачеле од тебе. На бандаши си ги пуштал?

– Комши, се поддрапуваш по малце, а?

– Таков ни е јазикот, прилепски. Се накриво разбираш. За мајсторлукот и закрпувањата, ништо не кажуваш?

– Се мајтапиш? Од ингилизиве денар не се скубнува. Влакно не му извлелува, а не пари. Уште на влезот ти се пулат в џеп. Дури му ја осеќаш раката внатре. И друго че дрпнат, да не дат некој денар. Ако сутнам, со извршител да земиш. Занимација. Краста. Ќе зајади, па да се исчеша. Можи че помини. Ама не е така. Се чешаш, а таа се шири. И чивија. Ко чеклас е.

– Да не ме мафтосуваш. Плачиш дека губиш да не честиш една ракија Те знам шо катара си.

– Не бе. Појќе губам од шо добивам. Знам да играм, ама картата ме …

– Дупи?

– Тебе да те дупи, Не оди. Понекогаш че влези, ама не до влегува.

– То, не ти изгледа ко дупење?

– Со кого прам муабет. Ме праша, ти кажав. Врви времето до ручек. После,  2-3 ракии, па 2-3 саати турска гимнастика. И то е.

– Навечер пак турски серии?

– Погоди. Вајчам пусија од 8 сатот на каучо со цигарчината, талуфчето. Ги терам сериски, дури не ми клапнат капациве. То че остани да гебам. Ај да побрзам кај “свадбана”, да не ми го ватат местото. После ти че наебиш, жими Тасета.

– Бичи! Да им го шибниш. Утре те чекам да честиш ракија. Поздрави го Туте, ако го видиш.

– Ти поздрави го Васкичо, скопјанецо, ко шо го викаше Аче. Шо прај тој. Не верувам дека прај нешто. Че ти кажам другиопат.

Џагадур

Loading