БЕБЕ „ЦИЦА“ ТУТУН

Em bebe se doi em se nize tutun

Кога прилепчани ќе речат дека се со тутун задоени, потврда е оваа фотографија. Од пелени се со тутунот, дури мајките ги доеле новороденчињата покрај вреќата за нижење. Мајчиното млеко им мириса на тутун. Тоа е традиција. Но, и трудољубивост, доказ за храброст и издржливост на мајката. Да се одгледа дете, а да не се почувствува во мајчинството, семејството, домаќинството и тутунопроизводството, претставувало бреме и низа одрекувања со почит на семејните вредности.

Одгледувањето на бебињата не било ниту малку лесно. Младите мајки не се штеделе, ниту пак биле ,,помилувани,, од сопрузите или свекрвите. Со традиционализмот напред работели и дома и в поле. Бебињата често биле оставани во браздите под некоја сенка додека родителите саделе, береле или копале тутун. Товарени со полно семејни обврски, мајките и дома чистеле, переле, готвеле, па и нижеле тутун со бебето в раце. Не знаат да одмораат и што да прават со себе си без работа. Создале ,,вродена мана,,. Пргави се и вредни, оти од бебешка возраст не им скипнува тутунската крв од вените, дури ниту во староста. 

Loading