КОНЦЕРТ НА „АД ЛИБИТУМ ТРИО“

Прилепско културно лето

Ad libitum

По успешниот епилог на 10-тата ликовна колонија Дрен, на која се создадоа 20 нови дела, со концерт на „Ад либитум трио” вторник од 20 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков”, продолжува годинашното Прилепско културно лето. За настанот ќе се погрижат Силвана Чулева – Атанасова – флејта, Лазар Соколов – кларинет и Емилија Кабранова Филипова – пијано. Ќе свират дела од  Чајковски, Љупчо Трајковски, Рожман, Пјацола. Публиката ќе присуствува на првата изведба во Македонија на делото “Children’s game” од Кокан Димушевски.

Триото е формирано пред две години. Во репертоарот вклучува композиции од сите музички епохи, оригинални композиции, транскрипции, обработки, модерни и современи композиции.

Имаат бројни изведби во земјава и надвор од границите: ,,Prelude of a afternoon of a faun”-C.Debussy-arr.Michael Webster, Jacque Ibert-,,Deux interlude”, ,,Seduccion” трио од современиот латино-американски композитор Мигуел дел Агуиле, како и дела од македонските композитори Љупчо Трајковски – Фис и Кокан Димушевски. Добило композиции од Анже Рожман од Словенија кој ја адаптирал композицијата ,,The two rivers” специјално за нив, од композиторот Артан Хасани од Косово. Настапиле и на отварања на изложби, промоции на книги и гости на други музичари. Првото ЦД е снимено годинава. Реализирале и самостојни концерти во Гевгелија, Кавадарци, Велес, Скопје, Србија, Хрватска.

Loading