УБАВИНА ОД БОГА ПОДАРЕНА

zakiЖаклина Жаки

Жаклина Жаки е прилепчанка која е идна ѕвезда, потенцијална популарна личност. Фотографиите од фотосесии веќе излегоа во јавноста. Некои портали ја објавија блондината со природна убавина. Колку убавината е привилегија, го олеснува ли животот, помага во одредени ситуации или сепак не е сé во убавината?

– Убавината е нешто што го имаме, што го носиме со себе, но треба и да се негува, како надворешната, така и внатрешната. Среќна сум што сум убава, ме исполнуваат ситни задоволства во животот. Направив неколку фотосесии со фотографот Владе Ѓорѓиев и прилепчанецот Мики Николоски. Снимав спотови за ИН – ТВ. Реакциите беа позитивни, коментарите ми годеа, задоволна сум – вели Жаклина Жаки.

За да ја одржи витата става тренира фитнес и се храни со зеленчук и овошје. Затоа на височината од 170 сантиметри и другите пропорции и завидуваат многу девојки. Има вајано тело, но вложува и голем физички напор.

– Вежбам фитнес редовно, минумум 1-2 часа секојдневно. Како секој млад човек сакам да движам, ги сакам дневните прошетки низ градот и кафе-шемите. Сепак Прилеп нема доволно места за забава. Сé се сведува на монотонија, по кафулињата или клубовите – вели Жаклина Жаки.

Сонува да продолжи со снимање на спотови, со музичките поп ѕвезди и низ видео да ја доловува приказната од песната.

– Имав и искуство и како водителка. Правев интервјуа со пејачите на терен каде се снимаа спотовите. Не претендирам да бидам на малиот екран како ТВ лице, туку доколку постои можност би сакала да продолжам со снимањето на видеата. Сакам искрени понуди, професионални ангажмани, за реклами, за спотови. Не би сакала да бидам водителка. Искуството со фотографите и камерманите е добредојдено. Има доста повторување, зависи од расположението на двајцата. Во глобала имам позитивно искуство. Иако е лето, немам ништо професионално договорено. Во Македонија, манекенството и фото моделите не се доволно платени – вели Жаки.

Ја сака и почитува чесноста, професионалноста, договореното, искреноста. Слуша музика, и лежат песните од Саша Ковачевиќ, Бијонсе. Ужива во акционите филмови. Но, кога се во прашање моделите, троши многу време на својот изглед. Освен редовните тренинзи, внимава на исхраната. Избегнува бел шеќер, бело брашно, сол, кофеин, но признава дека обожува тестени. За в кујна нема многу мерак.

– Јадам многу зеленчук. Консумирам овошје, зрнеста храна која ги задоволува потреби на организмот. Внимавам и на балансирање на оброците. Омилени ми се тестените, а ширдени не јадам. Сакам сладолед од јагоди – вели Жаклина Жаки.

Има многу пријатели од машкиот и од женскиот пол. Животна желба и е да стане популарна манекнка.

– Ми смета и ми нанесува неправда лагата, озборувањето. Вага сум во хороскоп и сакам да биде сé избалансирано, а не нападно. Сакам искреност, а лагата ме вади од контакт. Ме фрустираат измислици. Сакам да спијам долго, да одморам и да не се заморувам – вели Жаки.

Верува на љубов на прв поглед која може да трае со години. Слободна е.

– Се заљубувам веднаш. Сакам да е убав згоден, шармантен, самоуверен. Искрен, да ја почитува сопругата и семејството. Сакам да имам три деца. Сакам да бидам мајка – вели Жаклина Жаки.

Мерак и се тетоважите. Телото и е украсено со неколку трајни принтови на кожата. Има 32 години.

{AG}457/blond{/AG}

ВИСОКИТЕ ПОТПЕТИЦИ СЕ СЕКСИ

Како сите жени, и Жаки ги обожува високите потпетици, особено ако се во црна или црвена боја. Мажите не остануваат рамнодушни кога ќе здогледаат жена на штикли. Вели дека со леснотија носи потпетици високи 15 центиметри и може да помине 24 часа без око да и трепне. Штиклите се неизоставен дел од стајлингот и гардеробата. Една од најголемите причини за нивното носење е фактот што жените ги прават повисоки.

– Потпетиците го зголемуваат нивото на самодоверба. Изгледате впечатливо, софистицирано и привлечно. Факт е дека мажите ги забележуваат повеќе жените со високи потпетици. Тие можат да го променат животот како со Пепелашка. Прекрасни се. Можете да ги комбинирате со различни видови гардероба. Благодарение на високите потпетици, задникот на жената изгледа доста секси – вели Жаклина Жаки.

Многу ретко носи патики, освен кога спортува. 

НЕМА СИЛИКОНСКИ ГРАДИ, НИТИ УСНИ

Убавината и е од Бога дадена, а дека е побожна, говори и тетоважата на вратот: Бог нека ми суди! Но, за што, не кажува!? Не става ботокс, ниту хијалурон на лицето.

– Немам ништо силиконско. Сé е природно. Градите ми се природни и ништо немам вештачко. Убавината треба да се одржува. И генетиката игра голема улога. Убавината ми е наследена од мајка ми Вера. Се одржувам, не пушам, не пијам алкохол, сонцето го избегнувам, користам соодветни козметички препарати. Шминката само ја истакнува убавината до перфекционизам, до совршенство. Естетските хируршки интервенции ги оправдувам, ако има потреба од некоја корекција. Против природата не треба да се оди. Како што нé создала, треба да останеме – вели Жаклина Жаки.

Не коментира дали се чувствува како секс – симбол, туку едноставно има тенка половина, убави гради и сé што е потребно, кое ја прави добро да изгледа и ја издвојува од средината со што станува забележителна. 

Loading