Дека Прилеп од секогаш имал сенс за новото, за прогрес, покажува фотографијава. Се вишнее деветокатницата, се ѕида цигла по цигла, се курдисуваат станови. Никнува првата повеќекатница! Градилиште е централното подрачје. Прилеп е градилиште. Се ѕидаат станови, куќи.
А дека се мислело на урбанизацијата, сведочат и канализационите цевки кои се поставувале на местото на денешниот хотел Липа! Се градело, се подобрувале условите за живот на граѓаните. Тие пак. орни за напредок! Полетни! Жива сила не ги сопирала. Како што младоста, мајчината љубов í дава сила и крилја, и на оваа млада прилепчанка да поита и на велиспед, како што милуваат да го речат прилепчани своето најпопуларно превозно средство, ја однесе челатта до кај мајка, баба, или пак на гости, на училиште! Ни жештината, ни прашината не í го земаат здивот, ниту видот! Вредни и храбри се прилепчани!