Гимназија „Мирче Ацев“
Две први награди по географија освоија гимназијалците на на 39–от државен натпревар во силна конкуренција. Меѓу 323 ученика, од кои 261 ученик од основните училишта и 62 од средните гимназиски и стручни училишта во Македонија, прва награда освоија Христијан Стомнароски со 97 бода и Ана Димоска со 96 од можни 100 бода. Христијан го освои и третото место на натпреварот. Ментор им е професорката по географија Виолета Проскоска Велкоска. Успесите уште еднаш потврдија дека во континуитет, гимназијалците заслужено се на врвот со знаењата по географија.