СОУ „Ѓорче Петров“
Матурантката Сара Долеска е првенец на генерацијата 2013-2017 во СОУ „Ѓорче Петров“. Претходно беше објавен конкурсот за првенец, а изборот се соопшти на матурската вечер.
– Разликата меѓу успешните и останатите не е недостатокот на сила, не е недостатокот на знаење, туку недостатокот на волја! Наученото е богатство што не може да ви биде одземено, без разлика дали ќе учите во зградата наречена училиште или ќе учите од животниот учител. Учењето е безвременско задоволство и бесценето богатство! Изразувам благодарност на целиот најдобар колектив на СОУ Ѓорче Петров, бидејќи ми го подари најголемиот и најдобриот подарок – знаењето – напиша на својот Фб победничката.