СЕНЗОРНА СОБА ЗА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ

Локалната самоуправа во соработка со ОУ „Климент Охридски” опреми сензорна соба за децата со аутизам. Специфичната опрема и реквизитите се инсталирани, а стручниот тим на дефектолози ќе придонесе за поефикасно следење на наставата. Според стручнаците, сензорната соба ќе ги стимулира сетилата и ќе помогне за правилниот развој и едукацијата на децата со аутизам. Инвестицијата е 400 илјади  денари, од кои 300 илјади се од буџетот на Локалната самоупра, а остатокот е од донаторите како што се од гимназијата, која собраните пари од Гим фест ги подари за собата.

Loading