Нови дела на Мирјанка Р. Селчанец
Романот ,,Интимни исповеди,, и стихозбирката ,,Крлушки од душата,, се двете најнови творби на писателката Мирјанка Р. Селчанец. На авторот, романот и е посебно драг, бидејќи е посветен на 50 годишнината од бракот со сопругот Ристо, кој и бил првиот критичар и советник.
– Романот ,,се роди,, по дело на Кавка. Од 1973 година на наткасната од мојот кревет, во кој ги минував ноќите, секогаш стоеше делото „Писма Милени,, од Кафка, напишано на српскохрватски јазик. Делото го засакав и на некој начин стана дел од мене. Се пронаоѓав себе си, било како проблем од Кафка или од неговата љубена Милена. Од денот кога првпат го прочитав, па до денот кога почнав да го пишувам романот се обидував да ,,влезам,, во душата од Милена и да почуствувам дека Кафка со секое писмо ми се обраќа мене. Дури, се обидов да се престорам Милена од моево време и со временска дистанца од 90 години да му напишам одговори. Зашто тој не ги сочувал одговорите од Милена. Преписката со Кафка почна во 2013 година и заврши во 2015. Со романот ја смирив душата што ,,пекаше,, да лета до кафкините височини. Ја отворив душата и ,,го имитирав Кафка,, на мој начин – вели авторката.
Во „Крлушки на душата,, поетесата издвоила дел од десетиците нотеси полни со стихови. Преку нив ја става душата на увид на оние кои по вокација се повикани да ги оценуваат поетските дела или оние кои ги читаат од љубов.
За Селчанец, пишувањето претставува „растоварување” на душата и давање место на сонот. Автор е на трилогиите „Приказни за Марко” и „Романи за Кристина и Ана”, на монодрами, Трилогијата романи „Гена, Маргарита и Анка” и други романи и стихозбирки.
Таа е добитник на повеќе признанија, меѓу кои и на Златната плакета за животно дело на Прилеп.