ПРОЕКЦИЈА НА „ЈАВАЧИ НА КОЊИ,,

КИНО МИС СТОН

Во Киното Мис Стон до 23 мај секоја вечер ќе се прикажува „Јавачи на коњи”, филм на Марјан Гавриловски. Приказната го следи животот на двајца бездомници кои живеат под еден запуштен мост. Мапет е хендикепиран, а Алек се грижи за него. Минуваат едноличен живот додека не се појави уличарката Сара која западнала во неволја. Криејќи ја, стануваат како семејство. Алек наоѓа стара запуштена куќа и се преселуваат во неа. Но, Мапет снемува лекови. Бидејќи немаат пари, Сара краде и никогаш не се враќа. А Мапет умира пред очите на Алек.

Loading