ПОЛНО ДЕЦА ВО СТАРОНОВОТО КАТЧЕ

6. Zabava za decata

За два милиони денари од локалниот буџет комплетно се реконструира детското игралиште на 500 м2 наспроти ОУ „Кочо Рацин” на Рид. Детското катче доби нова физиономија со современите играчки со заоблени рабови и гумен под за поголема безбедност.

Жителите велат дека децата веднаш по будењето итаат кон местото за игра. Новата опрема го заличи просторот, оти претходните реквизити беа искршени и небезбедни, а на децата им се закануваа повреди. Просторот го користат и учениците.

И децата од селата Галичани и Ново Лагово добија игралишта во дворовите на училиштата. Првпат во историјата се изгради забавно катче. Урбанизиран е дел од селото каде некогаш било ливада. Комуналец вложи 300 илјади денари. Детското игралиште во Ново Лагово е отворено по барање на родителите на децата.

Локалната самоуправа планира реновирање на сите детски игралишта во градот и селата. 

7. Igra v selo

Loading