ЕКОНОМИСТИТЕ ЗАКИТЕНИ СО ШЕСТ НАГРАДИ ВО СКОПЈЕ

ЛМО при СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу”

DSC01264

Традиционално и годинава учениците од СОПТУ „Кузман Јосифоски -Питу” ги покажаа квалитетите на образовното рандеву МАССУМ во Скопје. Учениците учествуваа во повеќе од десет категории кај домаќинот, скопското правно и економско училиште „Васил Антевски- Дрен”. Под координација и водени од менторот, професорот Жарко Смоквоски, освоија шест награди и тоа: едно прво, три втори и две трети места.

Тимот по маркетинг во состав Теодора Петровска, Марина Чупаркоска, Ана Марија Димоска и Христина Нунеска петта година со ред го зема првото место. Ментори беа Илчо Јорданоски и Менче Китаноска. Со маркетинг планот се промовира компанијата „Сомниа” од Комфи ангел, која била главен спонзор. Второ место за категоријата интервју за работа на македонски јазик, зеде ученичката Теодора Петровска од четврта година со менторката Јасминка Димовска. Ученикот Димитар Врглески се пласира на второто место во категоријата најдобро кариерно портфолио со менторките Весна Дворчанец и Јасминка Димовска. На втората позиција се искачи тимот во категоријата најдобар штанд. Штандот претставува промоција на училиштето. За него се погрижија учениците Михаил Дивјакоски, Елена Илиовска, Елена Коруноска, Ангела Димитриоска, Александар Наумоски, Сара Нунеска, Симона Богатиноска, Маја Кофилоска, Ивана Илиовска, Катерина Илиоска, Кате Илиоска, Ивана Кочоска, со нивните ментори: Жарко Смоквоски и Јасминка Димовска. Штандот имаше доста спонзори и благодарни сме на РОЗ РУБ, Елите Цафé, Цомфѕ Ангел, Инфо Сега, книжарница Михаела и многу други.

grupna

Екипата за модна ревија го зазеде третото место. За уметничките дела беа користени материјали исклучиво за рециклажа, а не текстил. Трите креаторки Ана Неданоска, Елена Коруноска и Михаела Ржаникоска, ги создадоа креациите за моделите Теона Илијоска, Тамара Мирческа, Теодора Цветаноска, Ѓорѓи Вељаноски, Александар Нуамоски, Саше Аневски, Сара Нунеска, Христина Јолеска и работеа заедно со нивната менторка – професорката, Елизабета Николоска.

Трето место во категоријата Најдобра драмска претстава освои драмската секција со претставата „Судница” која може да се погледа на интернет страницата на ЛМО „Здружение на млади економисти” (ЛМО -Кјпиту-). Улогите ги толкуваа Ѓорѓи Вељаноски, Теодора Петровска, Сара Илиоска, Михаил Дивјакоски, Димитар Врглевски, Стефанија Кржеска, Ана Неданоска, Ајхан Ајдароски, Александар Наумоски, со менторство на професорката Лидија Паноска.

Учениците се убедени дека успесите ќе продолжат понатаму, а оние кои сега заминуваат се надеваат дека генерациите кои ќе ги наследат ќе бидат уште подобри. Ова не е само промоција на учениците како индивидуи и тимови или само промоција на училиштето, туку и промоција на Прилеп. Успесите се доказ дека деветтоодделенците не треба да размислуваат каде ќе го продолжат своето понатамошно образование. Изборот треба да е СОЕПТУ „Кузман Јосифоски -Питу”. Училиштето нуди многу интересни профили кои се вистински избор за  понатаму.

modna revija

Loading