КРЕАТОР НА МОДЕРНИОТ И УРБАН ЛИК НА ПРИЛЕП

ЈП за ПУП

Pticja perspektiva na plostadot Aleksandrija

 

ЈП за просторни и урбанистички планови (ЈП за ПУП) е најмладото јавно претпријатие задолжено за повеќе дејности, но приоритет става на грижата за урбаниот дизајн, просторниот и урбан развој на градот и Општина. Последните години градот доживеа градежната експанзија која во голема мера е плод на ЈП за ПУП. Плоштадите во центарот на градот, фонтаните, парковските површини, ревитализацијата на фасадите, новата општинска зграда, училиштата, градинките, спортските објекти, градскиот превоз, паркинзите и многу други објекти кои никнаа му дадоа нов сјај и европски лик на градот. ЈП за ПУП заедно со локалната самоуправа дадоа препознатлива физиономија и го внесоа градот во 21 век.   Граѓаните преку своите урбани заедници и Советот на Општина, добија учествуваат во разубавувањето на градот преку свои идеи и проблематики, преточени во реализирани целини. Пример е ревитализацијата на Паркот на револуцијата кој беше идеа на нашите сограѓани. Друга идеја на граѓаните е мултимедијалното плато и туристичките патеки до цркви и манастири во Варош, потоа градскиот превоз, паркинзите како и голем број на други покрупни и поситни проекти.

Не случајно и други градови во Македонија го зедоа примерот од Прилеп и формираа претпријатија да реализираат слични проекти.

Rekonstrukcija na bulevar Goce Delcev 02

ЈП за ПУП е директен изработувач и на Генералниот урбанистички план кој е врховен урбанистички документ за обезбедување на развој на градот наредните десет години. Предвидени се развојни зони, зони за домување, зони за рекреација и спорт, за јавни објекти. Се обновија старите и се предвидоа нови индустриски зони за потребни на градот сега и во наредните десет години. Со ГУП се создава предуслов за изработка на детални урбанистички планови.

Според проектите на ЈП ПУП се реализирани плоштадот Александрија со првата современа фонтана во Македонија и споменикот на Александар Македонски. Потоа ревитализиран е Паркот на револуцијата во 2007 и 2008 година, во Варош се изгради мултимедијалното плато и туристичката патека, се уреди малиот плоштад во старата чаршија посветен на Итар Пејо, се изградија цветните патеки во старата чаршија на улиците „Илинденска” и „Републиканска”, „Јане Сандански”, „8ми Март” и „Херој Карпош”  до малиот плоштад  на Пере Тошев. Мегу делата на ЈП за ПУП  се „Арт плоштадот” пред ЦК ,,Марко Цепенков,, отвореното игралиште за шах, патеката на славните и колонада од скулптури од прилепската уметничка колонија и завршува со скокачката фонтана и скулптурите на прилепските литературни великани  Марко Цепенков, Блаже Конески и Круме Кепески. Проекти им се и реконструкцијата на плоштадот Методија Андонов Ченто, плоштадот со кружен тек и скулптура посветена на борците од Карпалак. Кај хотелот Липа се изгради кружен тек со партер и скулптура посветена на Прилепските бранители низ  историјата, реконструкцијата на плоштадот под Градскиот саат, паркот во кај судот, новите паркови во населбите Точила и Ѓогдере и во селата Големо и Мало Коњари, Беровции  Селце. Изработени се идејно решение за комплекс за екстремни спортови во Старо Лагово, мото крос, картинг и многу други проекти од градски карактер.

Revitalizacija na korito na gradska reka 01

Граѓаните мозата да очекуваат партерно уредување на црквата Св. Атанасиј во Варош, стадион кај Металец за современ тренинг центар, потоа спортски терен за мали спортови во Ѓогдере. мини голф игралиште во Паркот на револуцијата, нови мостови на градската река и реконструкција на постоечките, нова туристичка населба вкај Вештачкото езеро, уредување на парковските површини во Точила, Бончејца и многу други проекти.

ЈП за ПУП продолжува да биде главниот креатор на урбаниот лик на Прилеп.

Loading