ВИТАМИНКА ЛАНСИРА СТИКЕРИ ЗА ВИБЕР

StobiFlips ViberStickers

Витаминка создаде свои Виберстикери за брендовите СтобиФлипс и ЧокоСтобиФлипс. Вкупно 29 стикери изразуваат различни забавни и емотивни ситуации што можат да се употребуваат во секојдневната комуникација на корисниците без разлика на возраста и стилот на комуницирање. Со ова, најпознатиот македонски бренд стана достапен и активен и во виралната сфера.

– Секогаш се стремиме кон следење на трендовите и навиките на корисниците, посебно во воспоставување на интерактивен однос со сите групи потрошувачи. Затоа, насоката по која ги развиваме нашите брендови кореспондира и со потрошувачите, но и со самиот идентитет на брендот и неговите особености. Така, ова е нова и следна фаза во растење и развивање на двата бренда. СтобиФлипс и ЧокоСтобиФлипс стикерите ги создадовме со една вообичаена и често користена комуникација, прилагодена на наш јазик, форми на поздравување и општење што се вклопува во секојдневието, но истовремено дава една забавна и интересна нота – изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка.

Со создавањето на свои Виберстикери, Витаминка стана една од неколкуте македонски компании што имаат јазично – локални релевантни стикери.

Вибер опцијата е една од најпопуларните мрежи за комуницирање во Македонија и има голем број локални корисници кои што секојдневно испраќаат текстуални пораки и телефонски разговараат со пријателите. Лани биле споделени 26 милијарди стикери меѓу корисниците на Вибер во целиот свет.

http://stickers.viber.com/pages/stobiflips_mk

 

Loading