ПЕНЗИОНЕРСКИ СМОТРИ

Red pesni red ora - Penzionerski    smotri

 Пензионери од градов, Битола, Крушево, Демир Хисар и Ресен пееја и играа на 15 -тата Регионална ревија на песни, музика и игри. Во Центарот за културата „Марко Цепенков” околу 200 учесници заборавија на тешкотиите во семејниот круг, на високиот крвен притисок, на проблемите со движењето, со нозете. Рипаа и скокаа на веселите звуци од народните инструменти, а од грлата им се ронеа како бисери македонските песни. Го претставија фолклорот и традицијата од нивните краеви низ народните песни и носиите. Средбите ги организира Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Пензионерите од регионов, на манифестацијата ги посети градоначалникот Марјан Ристески.

Loading