СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ДРАМСКИ ЛИК ВО БУГАРИЈА

Гимназија „Мирче Ацев

Marija Mitreska so mentorite

Гимназијалката Марија Митреска освои специјална награда за драмски лик на 24-от Меѓународен театарски фестивал на француски јазик за ученици од средни училишта, а кој се одржа од 28 до 30 април во Стара Загора, Бугарија. На фестивалот учествуваа 10 средни училишта  во кои се изучува францускиот јазик со своите театарски групи, со 70 ученици. Ученичката од гимназијата „Мирче Ацев” на фестивалот настапи со монологот „Лора”, кој претставува композиција од фрагменти и реплики на женскиот лик од интегралниот драмски текст „Лора” на авторот Маринко Шлакески.

– Монологот не беше критериум за учество, туку беше избор на нашата театарска екипа која беше единствената на фестивалот која настапи со таква форма на драмско изразување. И токму монологот, кој е најтешката драмска форма за сценска изведба, на нашата Марија и ја донесе најпрестижната награда на фестивалот. Марија е одличен ученик. Одлично го владее францускиот јазик. Имаше брилијантен настап со што по сите критериуми заслужено ја доби оваа награда која е единствена и ексклузивно ја доделува градот Стара Загора – информираат од гимназијата.

Marija Mitreska dobi SPECIJALNA NAGRADA ZA DRAMSKI LIK - so mentorot Slakeski

Автор на драмскиот текст и режисер на монологот е професорот по драмска уметност и англиски јазик Маринко Шлакески. Покрај ученичката Марија Митреска, во екипата беа проф. Шлакески и проф. по француски јазик Мирјана Бошковска која е ментор на Марија и координатор за учеството на фестивалот. Тие беа одлично примени и прифатени од организаторот, од техничкиот персонал и лично од директорот на народниот театар „Гео Милев”, Ивелин Керанов.

Организатори и покровители на настанот беа Француската Алијанса, Францускиот Институт, Парламентарната Асемблеја за Франкофонија на Р.Бугарија, Европска Информативна Мрежа на ЕУ – Еуропе Дирецт, Општина Стара Загора и “Загора Нењс”- Телевизиски канал на територија на областа Стара Загора.

Nagrada za ulogata na Lora od dramskiot tekst Lora za Mitreska

Loading