СМОТРА НА ТАЛЕНТИ И УПОРНОСТ

Ucilisni smotri

Започнаа традицоналните училишни смотри во големата сала на ЦК “Марко Цепенков” на единствената манифестација која дава пресек на воннаставните активности во основните училишта и која предизвикува секогаш голем интерес меѓу прилепчани. Први се претставија учениците од ОУ „Гоце Делчев”, кои со програмата го одбележаа и својот патрон празник, 4-ти мај, денот на загинувањето на македонскиот револуционерен деец, Гоце Делчев. Пред преполнетата сала, исполнета до последното место, учениците го презентираа својот талент, претставувајќи се со драмски, музички и рецитаторски изведби, подготвени со помош на нивните наставници, во рамките на слободните активности. Публиката уживаше при секој настап и изведбата на музички перформански на модерен танц. Меѓу публиката беше и градоначалникот Марјан Ристески кој истакна дека локалната самоуправа во изминатите 12 години, во ОУ „Гоце Делчев” има вложено над 550 илјади евра, во реновирање и подобрување на условите за работа и одвивање на воспитно образовниот процес. Ќе се реновираат санитарните јазли и ќе се уреди дворната површина. 

Loading