ПАРИ ОД ЃУБРЕ

ЈКП Комуналец

Еколошки и финансиски аспекти на новата фабрика за секундарна селекција на отпадот кај депонијата Алинци

Em ekologija em biznis

Кај депонијата Алинци ЈКП Комуналец наскоро ќе ја крене првата фабрика за секундарна селекција на отпад во Македонија. Веќе се расчистува теренот за градба на инвестицијата од околу 60 милиони денари. Линијата за секундарна селекција е набавена уште во 2013 година. Располага со капацитет од 150 тони отпад за 24 часа. Се планира објектот да прерасне во модерен комплекс за заштита на животната средина, кој едновремено ќе селектира отпад. Меѓу предностите секако се новите вработувања и финансиските аспекти, покрај еколошките.

Во Прилеп се собираат просечно околу 90 до 100 тони отпад дневно. Остатокот ќе се надополнуваат со селекција на отпадот од депонијата Алинци.

Покрај халата ќе се гради и плато за сместување на рециклирачките материјали. Во фабриката  ќе се преработува целото ѓубре од складирано ѓубре во депонијата од годините и за 5 – 6 години депонијата да биде целосно затворена и рекултивирана.

Новата линија треба да овозможи околу 100 нови работни места.

Deponijata ke se pretvori vo gradina

По завршување на оваа инвестиција, кај депонијата треба да започне и изградбата на компостара за биоразградлив отпад каде ќе се произведува компост. Според плановите овој проект треба да се реализира до крајот на 2018 година.

Да се реализираат двете инвестиции, изградба на халата за селекција и компостарата, Комуналец откупи приватно земјиште до депонијата за 3,5 милиони денари. 

Naskoro hala za sekundarna selekcija

Loading