ЃОРЕСКИ Е ПРОНАОЃАЧ ОД НАШЕТО МААЛО

Признанието „Најдобар млад научник”

Priznanieto vo vistinski race -   Hristijan Gjoreski

Прилепчанецот Христијан Ѓорески, за неговата истражувачка дејност на полето на вештачката интелигенција, го додели признанието „Најдобар млад научник” за 2016 кое му го додели Претседателот Ѓорге Иванов.

Неговата работа опфаќа развивање на алгоритми за обработка на сензорски податоци за градење на интелигентни системи кои што наоѓаат примена во спортот, здравството, грижа на стари лица, и слично. Дел од неговите истражувачки области се автоматско препознавање на човечки активности, препознавање на стрес, детекција на паѓање, оценување на потрошената енергија во секојдневните активности.

– Признанието ми претставува мотивација за следните предизвици. Манифестацијате од огромно значење за младите и претставуваат инспирација и поттик за вклучување во научно-истражувачката дејност. Силно ги поддржувам и ги охрабрувам ваквите иницијативи, кои ја поттикнуваат и негуваат научната дејност кај младите – изјави Ѓорески.

Според Претседателот Ѓорге Иванов, хуманата димензија во научната работа на д-р Христијан Ѓорески треба да биде потсетник дека се што се правиме треба да биде за и во полза на човекот.

Ѓорески, роден е 1987 година во Прилеп, дипломирал во 2010 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии на во Скопје, магистрирал во 2011 година на Институтот „Јожеф Стефан” во Словенија, а докторирал на истиот институт во 2015 година. Моментално работи како пост-докторски истражувач на Универзитетот во Сасекс во Обединетото Кралство.

Loading