СЕ ИСТРАЖУВА СУРУН

Sto krie Surun

Тргна втората фаза од истражувањето на археолошкопт локалитет на акрополата Мал Сурун кај село Дупјачани што треба да трае 30 дена. Археологот Душко Темелкоски очекува откривање на нови делови од градбите од времето на владеењето на македонските кралеви Филип Петти и Персеј од третиот и вториот век п.н.е. и од периодот на подоцнежните раноцарски римски градби.

– Ќе се истражува околу впечатливата карпа позната како ,,Престол,,. Се претпоставува дека се вршеле религиозни обреди и во предисториските епохи. Карпата во еден дел е изделкана во вид на седиште – трон. Видливи се засекувања како скали и вдлабувања кои претставувале реципиенти за принесување на жртвени дарови – вели Темелкоски.

Заводот и музеј истражува според програмата поддржана од Министерството за култура.

Loading