ОД КНИГИ ДО СУВЕНИРИ

Викели

Knigi kako vo biblioteka vo Vikeli

Кирил Ристески кој е дипломиран машински инженер, чувствувал дека во себе има повеќе капацитет успешно да се носи со менаџерската функција на сопствена фирма. Се втурнал во приватната инцијатива во 1995 г. Го напуштил удобното место во Микрон и ја создал компанијата Викели. Таа денес е мултидисциплинарна фирма. Работи во повеќе области, како фискализација, пехари, медали, спортски статуетки, плакети и други обележја, потоа книги – белетристика, лектирни изданија и стручна литература и канцелариски и училишни материјали на мало и големо.

-Познати сме во фискализацијата во Прилеп и регионот како овластен сервисен и продажен центар. Во рамките на фискалната програма располагаме со програми кои се типски, специјализирани и прилагодени за потребите на различни бизниси – вели Ристески.

Викели нуди богат асортиман на пехари, медали, статуетки и други обележја и признанија и награди за покривање на голем број најразлични спортски и културни манифестации.

– Станува збор за сопствено производство за секоја намена. Производите се облагородуваат со различни доработки направени на софистицирана сопствена опрема. Цел е да се усовршуваме, да ги следиме и имплементираме новите технологии и знаења – објаснува Ристески.

Заради недостигот на понуда на книги во градот, овозможено е да се збогати понудата преку продажен салон за книги што е најбогат во регионот. Застапени се сите поголеми издавачки куќи од Македонија. Сите области на издаваштвото се нудат со најновите литературни здивови кои ги има такаречи на дланка. Располагаат со најактуелните изданија барани во секој момент. Заради доближување на книгите до читателите и љубителите на пишаниот збор, единствени се во градот и регионот кои организираат паралелен саем на книгата во ист период со саемот во Скопје. На тој начин секој оној кој не може да го посети саемот во Скопје и да ги искористи големите саемски попусти, тоа може да го направи во продажниот салон на Викели.

Следејќи ги современите трендови, формирана е сопствена веб продавница и интернет продажба.

Канцелариски и училишни материјали

Во продажната програма се канцелариски и училишни материјали на мало со продажен простор во центарот и на големо на повеќе фирми од Прилеп и земјава. Менаџментот следи тендери, електронски аукции, стремејќи се да бидат во врвот на случувањата.

Билбордите се 24 часовна реклама

Викели располага со билборди од 12 метри квадратни. На тоа поле се очекува раст на интересот. Дел од фирмите се свесни за ефектот од рекламата со присутноста кај граѓаните од 24 часа, оти комерцијалната порака поздравува, потсетува, информира,

Raskosna ponuda na priznanija nagradi medali

Саат кулата – прилепски сувенир како Пиза

Фирмата на Ристески развива серија сувенири кои ги етаблираат за автентични и препознатливи за градот.

-Посебен осврт имаме и ќе посветиме на линијата за сувенири. Ја потенцираме саат кулата како нешто неизбежно. Таа е прилепска Пиза. Она што е Пиза за Италија, сакаме да биде градскиот часовник за Македонија. Тука е и споменикот на Александар Македонски, Крале Марко и други предмети кои се синоним за градот – вели Ристески.

Loading