СПОЈ НА ПРИРОДНАТА И ДУХОВНАТА УБАВИНА

Манастирски комплекс Свети Архангел Михаил во Варош

Privlecen manastriski kompleks

Сите патишта денеска водат кон Варош. Колона од луѓе полека ќе се искачува да го посети манастирот Свети Архангел Михаил, кога се слави празникот Голем петок или источен балаклија. Светилиштето плени со својата  природна и духовна убавина.

Предизвикува интерес кај посетителот, не само убавината на манастирот, туку и исцелителната моќ на водата која извира од кладенецот. За водата која блика, Марко Цепенко забележал дека во турско време некое турско дете се измокрило во отвореното кладенче,  по што се вкочанило и ослепело. Молитвите и миењето од водите на изворот му помогнале да се излекува.

Монашкото сестринство во манастирот го нарекува кладенецот, богородичен извор. 

-Чудотворна е водата од богородичниот извор. Мајката Божја за сите се застапува и ја лекува секоја немоќ на нашите души и тела. Еден човек кажа дека неговиот внук прогледал пред неколку години, откако го измиле со вода од изворот – раскажуваат монахињите.

Многу луѓе од цела Македонија ја почитуваат легендата и денес. Доаѓаат на кладенецот да наполнат водат и да се исцелат од некоја болест.

Припиен во сивите карпи под крепоста на Кралот Марко, во манастирскиот комплекс се наѕираат камбанаријата, црквата и старите и новите конаци.

Манастирот е вратен на црквата и обновен монашкиот живот во 1991 година. Во храмот се пронајдени едни од најстарите фрески. Доста оштетни, сепак се препознаваат композиции на Страдањата Христови и Чудата на Св. Архангел Михаил. Од двете страни на влезот во цел раст се насликани фигури на кралот Волкашин и син му Марко. Манастирскиот комплекс е познат и по фрагментот од фреска од 12 век на Св. Архангел Гаврил.

Петнаесетина години во манастирот живеат неколку монахињи.  Тие сметаат дека монаштвото е благословен начин на живот во православната црква. Владиката Климент духовно се грижи за монашката заедница. Велат дека масовната посета е за празникот Голем петок или Источен петок. Од памтивек, првиот петок по Велигден е слава на граѓаните од Варош. Народот масовно го посетува манастирот заради живоносниот источник наречен Балаклија.

Монашкото сестринство слика икони работени по преданието во ореово дрво, со заднина од 24 каратно злато, обоени со природни пигменти растопени со жолчка од јајце. На пасионираните колекционери на икони им се нуди творештвото преку порачки.

Посетителите на манастирот се воодушевуваат од убавината на старата архитектура, богатството на икони и фрески,  импресивната глетка на Пелагонија. Доаѓаат амбасадори, министри, студенти и научници, секакви луѓе да го задоволат љубопитсвото и да ги нахранат очите. Ја облагородуват душата секое парче од манастирот загрнат од сивите карпи под Маркукуле.

Varoska riznica e manastirot Sveti Arghangel Mihaili

Празник на варошани

Денес се празнува Голем Петок познат како Балаклија. Варошани  слават во празнично руво. Адетот се пренесува од колено на колено кај вредните варошки фамилии. За празникот, домаќините ги отвораат куќите да ги почестат добронамерниците кои ќе им дојдат на честитање. Ќе се одржи традицијата од памтивек. Ќе се зготви вкусна јанија, ќе се налее со ракија, вино, ќе се запее песна.

Секој варошанец, по стариот тертип, првин ќе измие образ, па ќе појде на манастирот Свети Архангел Михаил да запали свеќа за здравје, среќа и бериќет, па да ги пречека гостите…

– Порано идеа многу гости, роднини, до ручек. Полни беа салонот и собите.  Од порта до горе, народ се редеше за честење. Немаше време да се почестат сите. Се плашевме некој да не остане непочестен, па да “фати кусур”. Поблиските остануваа на ручек. Сега се променија навиките. Доаѓаат луѓе, ама не како некогаш. Правиме гајрет да ја одржиме традицијата – вели Блаже Чавлески.

Posle 150 godini nov istocen konak   vo mastirot Sv. Arhangel

Според него, останало празнувањето на Голем Петок во Варош, оти  е престолнината, царштината. Тој е горд  што е растен до Марковите кули и се чувствува како внуче на Крали Марко.

Порано под манастирот, кај Дебој, се виеле ора, рскале зурли и тапани. Свирки и песни. Од училиште до манастир редени тезги, панаѓур.

– После се слегуваше в град, кај стара На – Ма, оти и  на градските им беше Денот – памети  една варошанка.   

Manastirsko bogatsvo se del  od mostite  na svetciteot manastirЦрквата датира од 11 век

Најстарите податоци за постоењето на црквата датираат од 11 век. Тоа се откриените фрески на Свети Архангел Михаил и на фигурата на неидентификуван светец, сочувани на големите  карпи. Двете карпи биле малтерисани и насликани на малата црквичка, која се наоѓа под подот на денешнниот божји храм. За постоењето на духовното светилиште во 12 век сведочат сочуваниот ѕид на север и сочуваниот фрескоживопис, со видливи елементи, како што велат историчарите по уметност, на кралски портрети и фрагменти на ликови од светци. Кон некогашната црква била доградена ,,западната црква,, во која има сочувани фрески од 13 век, меѓу кои и ктиторскиот кој го држи моделот на црквата.

Еден век подоцна, во 14-тиот, била зографисана ,,источната црква,,. Седок се фреските од олтарниот простор и портретите на Волкашин и на Крали Марко на пиластрите на западната фасада, лево и десно од влезот на црквата. Податоците говорат дека во 16 век се обновил источниот дел од црквата. Во 1861 година црквата е обновена со поставување на свод, изградба на отворен трем и на камбанарија. Кога завршила обновата, се изградило и западното крило на манастирските конаци. Црквата е во форма на еднокорабна градба со нагласен источен и западен дел. Остатоците од фрески кои датираат од 11 и 12 век фасцинираат и говорат дека извонредни зографи сликале мајсторски дела. Можат да се забележат фреските ,,Христос пред Пилат,, ,,Патот на Голготата,, ,,Симнувањето на крстот,, додека на северниот ѕид е насликана монументалната фигура на Архангел Михаил, по кој е именувана црквата.

Легендата за потеклото на манастирот почнува во 10  век, кога непознат ученик на Свети Климент, се населил во некоја од карпите каде водел осаменички живот. Името не е познато, но во прилог на легендата зборува фактот што местото каде што се наоѓа манастирот се вика кај Светецот. Црквата е изградена на старо култно место за што сведочат античките мермерни столбови кои се употребени во нејзината изградба.

Мошти од Св. Козма и Дамјан и на Св. Стилијан

Манастирско богатство се дел од моштите на тројца светци. Монашкото сестринство внимателно ги негува и чува дел од моштите на Св. Козма и Дамјан, и на Св. Стилијан, бидејќи се раритет. Манастирската реликвија е привлечна за верниците.

Мермерен натпис со кирилско писмо    

На мермените колони на тремот пред влезот на црквата се наоѓа сочуван запис на кирилско писмо од 996 година. На натипсот се споменува смртта на Андреа. Тој е значаен затоа што е втор по старост словенски натпис со кирилски букви.

Еден од 77-те храма во Варош

Според преданијата во Варош во време на Крали Марко имало 77 цркви. Од нив освен Св. Архангел Михаил, останати се само Св. Димитрија, Св. Никола, Св. Петар, Св. Пречиста, Св. Аатанасие… Варошани велат дека  црквите биле изградени од кралеви и банови, а најмногу од Крале Марко. 

Loading