ПРАЗНУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ И СВЕТЛИНАТА

Одбележан големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Vo iscekuvanje na najradosnata vest

Прилепчани, доследни на православната вера, го одбележаа  големиот христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта. За Воскресението Христово – Велигден, ја докажаа искрената верба во вистинските човечки вредности, надежта и љубовта кон ближниот.

Празничните денови ги минаа во духовен мир, исполнети со желби за здравје, радост и среќа во секое семејство.

Православните храмови беа исполнети со бројни верници. За Велигден, во „Свето Благовештение”, беа доделени 90 пакети со храна и хигиенски средства, како и парични средства за тешко болни лица, самохрани родители и сиромашните семејства, во вкупна вредност од 180.000 денари. Поединци, фирми и стопанственици ја потпомогнаа Велигденската хуманитарна акција.

{AG}448/veligden{/AG}

Во духот на традицијата во училиштата се организираа велигденски панаѓури на кои децата ги покажаа уметничките креации.

Не беа заборавени ниту штитениците во Домот за стари лица, каде членките на здруженијата им подарија велигденски јајца.

До Спасовден, прилепчани ќе се поздравуваат со “Христос Воскресе – Навистина Воскресе”.

Loading