БОЛНИЦАТА ВО НОВО РУВО ПО ПОЛОВИНА ВЕК

– Полно опрема и погодни услови и за пациентите и за докторите

Rekonstrukcija po cetiri decenii - Petar Risteski

По последната темелна реконструкција, болницата веќе блеска. Пациентите се задоволни од амбиентот за  нудење специјалистички услуги. И медицинската опременост е модернизирана со вложувањата од околу 200 илјади евра. Претстои реновирање на амбулантскиот дел во приземјето и ангажирање на повеќе специјалистички кадри. Се очекува набавка на ново возило и доаѓање на 29 лекари – специјалисти. Од финансиски аспект болницата стои на здрави нозе по неколкугодишната нестабилност.

Комплетно се реконструирани сите одделенија од првиот до петтиот кат, плус операционите сали и два лифтови. Станува збор за целосна промена на дограмата, внатрешна и надворешна, подови, тавани, санитарните јазли болнички мебел, после речиси половина век и делумно руинирани простори.

Според директорот Петар Ристески, инвестициите се 70 милиони денари.

– Паралелно се набавуваше нова медицинска опрема за 11 милиони денари. Тоа вклучуваше три најсовремени ехо апарати, потоа нов оперативен стол, оперативно светло за гинекологија, монитори и мобилен рентген апарат за ортопедија со што се  зголемуваат можностите за оперативни зафати. За офталмологија добивме најмодерен оперативен стол што е донација на Витаминка и Прилепската пиварница. Во постапка е набавката на нови оперативни светла за операционите сали за хирургија и ортопедија и нов ехо апарат за гинекологија – вели Ристески.

{AG}448/bolnica{/AG}

Тој најавува осовременување на медицинската апаратура и реконструкција на приземјдто со амбулантите.

– Подготвуваме проект за реконструкција на амбулантскиот дел, каде има голем проток на пациенти. Амбулантите немаат соодветни услови. Затоа ќе преземеме зафати на реновирање кое ќе заврши најдоцна до крајот на годинава. Ќе се рехабилитира и лабораторијата и одделението за рентген дијагностика. Нема да имаме проблем за обезбедување средства. Наскоро ќе набавиме најмалку едно, можеби и две амбулантски возила. Постапката веќе е отворена. Најверојатно ќе заврши до крајот на годинава. Во овој период ќе пристапиме во обезбедување на помодерна поситна медицинска апаратура. Очекувам да се докомплетираме и да нудиме уште поквалитетна здравствена услуга – заклучува првиот човек на Општата болница.

Тој е искрен во однос на специјалистичките човечки ресурси.

– Кадровски не сме екипирани. Тоа е рак-рана. Правиме напори во рамките на можностите. Имавме доста вработени општи лекари од кои некои веќе се испратени на специјализација, некои ќе тргнат годинава, потоа има специјализации во тек со кофинансирање. Вкупно се 29 специјализанти и постепено влегуваат во своите домени. Со тоа нема да се решат кадровските проблеми, оти возрасната структура на постојните е висока. Многумина се неколку години пред пензија. Потребни се најмалку 29 специјалисти, плус уште толку специјализанти да се ублажи кадровскиот дефицит. Проблемот е изразит, оти не се давале специјализации повеќе од 20 години. Тука се надоврзува растечкиот тренд на заминување на специјалистите во странство. Ова не е само прилепски, туку државен проблем – потенцира Ристески.

Недостиг на специјалисти има и во соседните земји.

Прилепчанки се породуваат во Прилеп 

Породилиштето никогаш не било проблем, дури и кога се реконструираше одделението за гинекологија. Породилиштето секогаш беше функционално за нормалните породувања. Доколку породувањето требаше да се изврши со царски рез, само во такви случаи трудниците се испраќаа во Битола или во други болници.

Финансиска стабилност

Болницата стои финансиски стабилно. Дел од старите обврски се репрограмирани и може да се сервисираат и новите и старите делогови. Нема повеќе извршни решенија и се реализираат проекциите  вкалкулирани во годинешниот болнички буџет од сопствени и извори од државните приливи.                                           

Loading