ЖЕНА СО НАЈДОБАР ВОД

Одбележан 10. Април – Денот на единицата

Porucnikot Sara Miseva go dobi   preodniot pehar

Водот на поручникот Сара Мишева од Касарната “Мирче Ацев” го доби преодниот пехар и знаменцето на единицата за најдобар во 2016 година. По повод денот на единицата, беа доделени и стимулативни мерки на припадниците на баталјонот.

Со свеченост припадниците на артилерискиот баталјон го одбележаа 10. Април – Денот на единицата. Во пресрет на празникот имаа историски час посветен на народните херои од Прилеп, крводарителска акција со собрани 68 крвни единици, и ТТ збор со изложба на вооружување и опрема за учениците од основните и средните општински училишта.

Loading