ПРИЛЕПСКИ ПРОИЗВОДИ НА САЕМ ВО ВАЛЕВО

Staronovi pazari vo  Valevo

Мегу 200 излагачи од повеќе земји штанд со производи имаа компаниите Хатра, Настески 2007, Витаминка, Прилепската пиварница, Дониа и Марфил на 14-тото издание на саемот за стопанство на Западна Србија СПРЕГ 2017 во Валево. Организацијата ја координира Регионалната стопанска комора. Станува збор за неспецијализиран саем, на кој се претставуваат повеќе од 5000 производи и услуги од најразлични стопански гранки.

Бизнисмените имаат тенденција да се одржат некогашните врски со стопанствениците од збратимените градови и да се воспостават нови деловни односи.

Во делегацијата беше и градоначалникот Марјан Ристески кој имаше говор на отварањето на саемот. Таткото на градов се сретна со колегата од Ваљево, директорот на Регионалната стопанска комора и учествуваше во утринската емисија на телевизија Ваљево.

Директорот на Валевската пиварница изразил готовност за учество на   фестивалот за пивото во Прилеп.         

Loading