ПОБЕДА НА ЖИВОТОТ НАД СМРТТА

Велигден на врата

Mladi i stari se raduvaat na veligdenski jajca

Велигден најсветлиот хритстијански празник во годината, започнува 40 дена пред Велигден со пост, што се поистоветуваат со 40-те дена во Гората на искушението каде постел Исус Христос.

“Тежок” ден во постите се смета Велики Петок – денот на Христовото распнување, кога не смее ништо да се работи. За време на постите се избегнуваат дури и свадби и други веселби. Преку причесната во неделата со вино и нафора, верникот ја прима крвта и телото Христово, односно божјата енергија.

За Велигден в црква ритуално се симнуваат олтарските двери, со кое се сугерира Христовото воскресение, со кое рајските врати се отворени, а смртта победена. Верниците одат в црква и го целиваат симболично Исус, а од тезгите околу се купува нешто за здравје.

Песните кои се пеат во Светата Недела, а тоа е цела недела по Велигден, се полни со радост.

Велигден трае три дена и се отпоздравува со поздравот “Христос воскресе”- “Вистина Воскресе”.

Велигденски јајца симбол на  здравје и живот

Јајцето на Велигден зазема посебно место на трпезата. Велигденските јајца според обичајот се вапсуваат на Велики Четврток и Велика сабота. Со јајцата се честат посетителите на домот.

Домаќинката станува пред да изгрее сонцето и ги става јајцата во боја во која има малку и оцет или стипса да биде бојата потрајна. Јајцата се вапсуваат пред изгерјсонце, пред клепалото на црквата,  за да бидат поцврсти.

Првото велигденско јајце се чува една година, до следниот Велигден. Се верува дека тоа има магиско дејство да ја чува куќата и здравјето на станарите. Со него домаќинката ги мазни децата по образите да бидат црвени како јајце и здрави како здравец.

Јајцата се вапсуваат со црвена и други бои. Се користат и бои од растително потекло. Остатокот од бојата не се фрла, туку се чува ако во близина е Ѓурѓовден да се бојосаат нови јајца, а ако не, бојата се фрла на чисти места, на пример во нива да се зголеми плодноста. Шараните јајца се интересни за децата. Се шараат со восок, со срма и монистра. Се декорираат и со сликички, со тантели, се плетат корпиња од кеси или конец, се слика трпеливо со тенко перо или четкичка некаков орнамент.

Легенди за разгатнување на тајната на боените јајца

Еден ден кога Евреите го гонеле Христос и, за миг не го фатиле, пред нив се појавила жена со чудесно обоени јајца. Прогонувачите биле маѓепсани од убавината на јајцата и го заборавиле “пленот”, кој им избегал.

Друга легенда говори дека Евреите им се потсмевале на верниците кои го предвидувале Христовото воскресение, велејќи им дека ќе воскресне кога кокошките ќе снесат црвени јајца. Според легендата, кокошките во неделата утрото по Воскресението, навистина снесле црвени јајца.

Едно предание кажува како Марија Магдалена дошла во Рим да му го објасни на Тиберие Христовото воскресение, носејќи му црвено јајце за дар. Му рекла дека тоа е живот, од него се испилува пиле под дејство на топлината на кокошката. Онака како што Исус го оживува своето мртво тело и станал од гроб. Поради радосниот настан, црвената боја е боја на радоста, боја поврзана со живот- со оган и крв. Денес, младите вапсуваат јајца во разни бои, а порано домаќинката вапсувала јајца наутро на Величетврток. Црвената боја е симбол на крвта Исусова, а вапсувањето се чини за здравје и бериќет. Постарите вапсувале по три црвени јајца – господово, за домаќинот во куќата и за бериќет на стоката или земјата. Некаде се бојосува едно јајце. Со добра мисла, домаќинката го става јајцето обично до прозорец, да го погалат првите зраци за радост меѓу луѓето. Постарите го ставале првото бојосано јајце кај иконата.

Велигденски пристаништа

Ако Велигден е божји збор до Бог, луѓето со верба и славење на овој ден се дарувани со милост. Велигден е духовна поткрепа и единство кај сите верници. Секој се навраќа на врутокот на верата и да му посвети неколку дена за свој благодет, на “големиот ден”, на Воскресението Христово. Со широко срце и со длабока верба и радост се упатува молитва за здравје и бериќет.   

Тоа е “подвижен” празник. Во православниот календар најрано се слави на 4 април, а најдоцна на 8 мај. Годинава се совпаѓаат католичкиот со православниот Велигден. Католиците имаат слични адети, само што постот не е толку строг. Повеќе посветуваат внимание на декорирањето, украсувањето на трпезата.

Во православието постот кај верниците е строг. По Цветници следи Великичетврток и Великипеток, а во сабота пред полноќ се оди в црква и со свеќите в раце и јајцето се следи Божествената литургија. По поздравот “Хистос Воскресе”, ноќта се замрсува. Се крши црвено јајце кое е симбол на живот. Тогаш Исус воскреснал за пак да живее на небесното “пристаниште” и во нашата душа.

Loading