Могилата на непобедените беше претесна да ги собере сите обожаватели на кучиња на 18-тата Меѓународна изложба на расни кучиња „ЦАЦИБ 2017″ во организација на Кинолошкото друштво, Прилеп.
– На дводневната презентација и оценување се пријавија над 300 сопственици со своите миленици од 20 земји. Од година во година расте бројот на луѓе кои одгледуваат кучиња дома – изјави Панче Дамески, претседател на Кинолошкото друштво од Прилеп.
Покрај миленици од Македонија, се видоа различни раси на кучиња од Србија, Бугарија, Грција, Русија…