КОМБАЈНОТ ГО УНИШТИ СРПОТ

Edna masina mesto 20 luge

Работата со новите комбајни денес, всушност и не е работа, туку едноставно возење. Кабините се со ергономски седишта, воланот е како на автомобилите, има ГПС уред, клима, видео камера што се врши надвор од кабината, простор за секакви додатоци и што ли не.

На времето кога е овековечена фотографијава на првиот комбајн во прилепско, за олеснување на рачната работа, не било така. Комбајнот е веројатно југословенски “ЗМАЈ”. Правен бил поедноставен. Добрата страна е што механичките проблеми лесно и брзо се решавале, а и резервните делови биле “на дофат”. Негативно било што, акцентирајќи ја ефикасноста, се губел секаков “комфор” за возачот. Единствена заштита од пеколните горештини било некое платно, колку да не го пече сонцето маченикот пред воланот. Моторот бил едвај со околу 100 коњски сили и незаситно “голтал” нафта. Немало ни збор за амортизери на седиштето, па возачот се тресел по нивите додека жнеел жито. Постоела само предна косачка од 4м. која ожнеаното жито исчистено го фрлала зад  комбајнот. Возачот требало постојано да е присебен и да вози по права линија, да изжнее што повеќе, за што пократко време. Сам бил “сензор” за сработеното.

Сепак, комбајнот е гигантски чекор напред во земјоделството. Српот полека заминал во историјата, а и подведнатите жнеачи. Работата од 20 души се заменила со еден човек и една машина. Не требало да се врши житото од какол рачно или да се одделува житото од сеното со коњ или магаре, кои врзани на кол, кружеле по него со саати.         

Loading