СЕ ГРАДИ БЕНЗИНСКА ПУМПА

Во индустриската зона Прилеп 1

Камен темелник на новата бензинска пумпа на 1200 м2 беше поставен во индустриската зона Прилеп 1. Зоната се комплетира и со придружни услужни дејности, потребни за фирмите. Од локалната самоуправа најавуваат дека  наскоро во зоната ќе никнат уште два нови објекта.

Бензинската пумпа ќе ги има сите придружни содржини, паркинг за лесни и тешки товарни возила, ресторан, самопослуга… Постепено се заокружува индустриската зона.

Веднаш по комплетирањето на инфраструктурата, инвеститорите ја отпочнаа градбата. Се очекува да се стават темели на останатите купени парцели и да се активираат уште неколку објекти кои се во финална фаза.   Во зоната Прилеп 1 се продадени 21 локација, а пумпата е 13-ти објект што се гради. 

Loading