САЕМ НА КНИГАТА ВО ВИКЕЛИ

Saem na kniga i vo Vikeli- Anriana   Risteska

И годинава во книжарницата Викели се организира саем на книгата за љубителите на пишаниот збор, а кои од било која причина не можат да го посетат во Скопје. Издавачката куќа Викели нуди можност да се проследи богатата понуда по популарни саемски цени, со изненадувања и саемски попусти. Според Андриана Ристеска, читателите ќе имаат можност на продолжение на скопскиот саем во прилепската книжарница до 15 април.

Со експлозијата на интернет комуникациите, кога сé помалку има средства да се стави на хартија творештвото, Викели одолева и се обидува да го реафирмира класичниот стил на промоции на издаваштвото преку печатени книги. Се доближува до помладите преку содржините и мирисот на опојната печатарска боја на хартијата со прозата, поезијата или секој друг литературен жанр. 

Loading