ПРОМОТОР НА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР

КУД Мирче Ацев слави 70 години

70 godini neguvanje na  folklorot -   KUD Mirce Acev

Со целовечерен концерт утревечер во ЦК „Марко Цепенков“ од 19 часот, КУД „Мирче Ацев“ ќе одбележи 70 години од формирањето. Повторно на сцената ќе се одиграат најубавите македонски ора, преку кои е препознатливо фолклорното друштво. Роденденот на домаќините ќе им го честитаат колегите од КУД Темпет од Макарска, Хрватска.

Седум децении КУД Мирче Ацев  е  македонски и прилепски  фолклорен амбасадор, промовирајќи го во земјата и во странство македонскиот фолклор и традиција.

Од април 1947 година до денес илјадниците играорци, дале преку 3500 концерти не само во Прилеп, Македонија, туку и во странство. Ансамблот, кој работи под раководство на Атанас Гагалески, гостувал речиси на сите континенти во светот, презентирајќи го македонското фолклорно богатство.

Играорците велат дека љубовта кон фолклорот и македонската традиција ги довела во редовите на друштвото. Има некои кои дури и по 40 години се дел од друштвото и се уште ,,вијат,, оро.

Друштвото освоило значајни награди на реномирани фестивали, меѓу кои прва награда во Ланголен – Велика Британија, во Миделкерке – Белгија, во Овиедо – Шпанија… Македонскиот фолклор бил презентиран во Полска, Мароко, Франција, Бугарија, Германија, Данска, Албанија, Турција, Хрватска, Србија…

За негувањето на македонскиот фолклор, добитник е и на третоноемвриското признание на градот.

Loading