Реализирани проекти во ОУ „Блаже Конески“ од 2008 до 2016г.
Во периодот од 2008 до 2016г. со поддршка на Локалната Самоуправа на општина Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески, како и со сопствени приходи реализирани се проектите:
1. Промена на покривот во ОУ Блаже Конески – Варош и реконструкција на една училница – 1.800 000 денари; 2008 год.
2. Промена на подовите во централното училиште – 30.000 УСД; 2009 год.
3. Дислокација на котларата во централното училиште со промена на начинот на греење од тврдо во течно – 2.000 000 денари; 2010 год.
4. Промена на плочките на трети кат, ходник централно училиште – 300.000 денари, 2009 год.
5. Реконструкција на парк во централното училиште; 2011 год.
6.Оградување на училиштето – 2.000 000 денари; 2012 год.
7.Реконструкција на училиштето во Варош – ѕидови, подови, фасада, врати, тавани – 1.900 000 денари; 2013 год
8.Инсталација на парно греење во училиштето во Варош – 450.000 денари; 2013 год.
9.Реконструкција на санитарии централно училиште – 1.500 000 денари; 2014 год
10. Промена на плочките на втори кат ходник централно училиште – 300.000 денари; 2014 год.
11. Промена на плочки ходник приземје – 300.000 денари; 2015 год
12.Поплочување на влез од двор со бекатон во централното училиште 450.000 денари; 2015 год.
13. Промена на дограмата со нова ПВЦ во централното училиште 3.500 000 денари;
14. Обложување на ѕидови со кнауф, ходник приземје – 300.000 денари; 2015 год.
15. Партерно уредување на дворот во Варош со кошаркарско игралиште – 1.900 000 денари; 2016 год.
16. Обложување на ѕидови со кнауф ходник прв кат 250. 000 денари; 2016 год.
17. Изградба на балон сала во дворот на централното училиште; 2015 год.
18. Асфалтирање на патеката од задниот влез на дворот на иницијатива на градоначалникот Марјан Ристески;
ИДНИ ПРОЕКТИ кои чекаат на одобрување и ќе се реализираат:
19. Обнова на термоизолациона фасада во централното училиште 2016 2017 год. – 5.000 000 денари
20. Партерно уредување на дворот во централното училиште – 2.000 000 денари.
ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ
– Ова е сработеното, но и уште ќе се работи со многу труд, посветеност, залагање. Вложени се над 12. 000 000 денари само во инфраструктурата од Локалната Самопуправа на општина Прилеп. Ова е само дел, поситните проекти не се ни внесени, а многу ги има. Се за учениците и вработените, останува како ЛЕГАЦЅ за идните генерации! – вели Марија Дулевска , директор на ОУ “Блаже Конески”.