БИБЛИОТЕКАТА – СОВРЕМЕН МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ЦЕНТАР

Bogat fond na literatura postojano   pred graganite

Библиотеката прерасна во ризница на книжевното богатство и современ мултимедијален центар по европски терк. Меѓу 2005 и 2016 година комлетно е променет ликот со инвестиции од 13 милиони денари.

Бројот на читатели се зголемува и е околу 5.000. Организирани се над 200 манифестации со над 20 илјади луѓе.

– Набавена е нова литература и списанија за осум милиони денари. Издадени се 38 наслови. Инвестирано е и во унапредувањето на библиотечното работење, набавка на современа компјутерска и друга аудио – визуелна техника. Преуреден е просторот и е претворен во модерен книжевен центар – вели директорот Петар Петрески.

Инсталиран е и видео надзор и електронски противпожарен систем за 600  илјади денари. Комплетно е реновирано роднокрајното одделение со 200 илјади денари. Отворено е одделение за странска литература. За еден милион денари сосема е реновирана големата читална. Функционален е и интернет клубот. Со новото архитектонско решение на средната читална, амбиентот личи на ботаничка градина. Дел од просторот се користи за постојана изложба на стари фотографии. Во селото Тополчани е отворена подрачна библиотека со 10.000 книги.

Се планира набавка на нова литература, континуитет на издавачката дејност со книгите ,,Мемоарите на Крсте Гермов – Шаќир Војвода,,, Библиографијата за Коле Чашуле и со издавањето на списанието ,,Библиосвет,,. 

Loading