СТАРТУВА ПЛЕЈ-АУТОТ

Ракомет

Екипата на Прилеп, после неколкугодишната серија учества во плеј-офот, првпат ќе настапува во плеј-аутот од Супер лигата. Недостасуваше само една победа, на гостувањето во Велес, но и опстанокот што треба да се избори е добар пласман. По последното реми (36-36 низ 30 минути исклучувања!) дома со Металург 2, следи плеј-аутот. Првиот меч на Прилеп е в сабота (19 ч.) дома со Пролет. Табела: Радовиш 21, Пролет 19, Прилеп 18, Металург 2 – 15, Вардар ј. 13, Работнички 0.

Женскиот тим на Прилеп, по поразот од 43-17 кај Вардар јуниор, има два меча за пет дена. Синоќа дома го пречека тимот на Гевгелија, а в понеделник гостува на лидерот Металург.

Табела: Металург 42, Вардар ј. 42, Куманово 33, Прилеп 18, Овче Поле 12, Гевгелија 9, Пелистер 6.

Loading