ПЕТ МЕДАЛИСТИ

Џиу-џица

Прилепскиот клуб за бразилска џиу-џица првпат беше домаќин на Државно првенство и не ја пропушти можноста за освојување медали. Во салата на ООУ ,,Добре Јованоски” освоени се две први и три втори места. Државни прваци се Стефан Сталески и Христијан Тасески, а вицепрваци Игор Велески, Мартин Николов и Давид Шапуриќ. На првенството учествуваа 100 натпреварувачи од Прилеп, Скопје, Куманово, Охрид и Велес.

Медали беа доделени во детска, машка и женска конкуренција.