Шах
Најавеното Државно првенство во шах за лица со оштетен слух што требаше да се одржи в сабота и в недела во градов, е одложено. Една од главните причини била неможноста да се обезбеди сместување на сите 32 учесници, туку за дел од нив. Најверојатно ќе се почека на подобра можност. Организаторот, Националниот сојуз за оваа категорија граѓани, може да одлучи, покрај датумот, да го промени и местото на одржување на првенството.
Доколку се одржи во градов, прилепскиот тим ќе има четворица претставници, а ако е во друг град, двајца.