НИКНУВА ЛЕТНИКОВЕЦ НА СЛИВА

На патот за Мариово

Em letnikovec em higiena

Убавото сончево време, прекрасната недопрена природа, ги поттикна членовите на здружението ,,Љубители на ридско планински активности, рокенрол и добра чашка,, полни со ентузијазам, да почнат со расчистување на отпадот околу највисокиот дел на патот за Мариово, на превојот Слива за да изградат летниковец. Објектот ќе послужи за одмор на сите добронамерници и љубители на природата, кои го посетуваат овој еколошки најчист крај. Локацијата е атрактивна, бидејќи од над 100 метри како на дланка има панорама на дел од Пелагонија и дел од Мариово.

Prirodata vraka na humaniot dar na  Sliva

– По градбата важно е да се одржува, и заштитува и чува овој простор за општо добро и да не се загадува природата со отпад. Еколошки акции се потребни, а локалната самоуправа дава поддршка на сите иницијативи за расчистување на ѓубрето и зачувување на животната средина – истакна градоначалникот, Марјан Ристески.

Од здружението велат дека трета година го чистат просторот и апелираат културно и хигиенски да се користи ова природно катче за уживање на велосипедистите, планинарите и другите љубители на природата.

Loading