МАРШ ЗА ЏАМБАЗ

В НЕДЕЛА

Околу 600 планинари се очекува да учествуваат на 4-тиот традиционален планинарски марш посветен на основоположникот на планинарството во Македонија, Даре Џамбаз што ќе се одржи в недела, а го организира  ПД Козјак. Патеката е долга 16 км., од Дупјачани, манастирот Трескавец, до амфитеатарот во Варош. Ќе дојдат и планинари од Бугарија.

– Тргнуваме од селото Дупјачани и потоа кон месноста Сурун – Горно село со стари гробници од македонски тип од 3 и 4 век п.н.е. Од тука се качуваме на Трескавец каде ќе има ручек со традиционално планинарско гравче. Потоа слегуваме кон Марковите кули, манастирот Св. Архангел Михаил и маршот ќе заврши во Варош – вели Методија Ризановски, претседател на ПД Козјак.

Најстарото планинарско друштво во Прилеп, основано е 1938 година и брои 100 членови. Планираат годинава третпат да го организираат и кампот за едукација на млади планинари во јули во Беловодица со 80 учесници. 

Loading