МАРИФЕТ ЗА ВКУСНИ МАНЏИ

На натпреварот „Вешта жена“

Sofra so umetnicki kreacii

На 14-тото издание на општинската манифестација Вешта жена беа прзентирани пет уникатни декорации на јадења, изработени на различни теми од пет учеснички и една гранд – при натпреварувачка, Мирјана Димитриеска, која по тригодишна пауза, според правилата, повторно се вклучува како натпреварувач. ,,Тутун,, Бавча,, ,,Машина за шиење,,, ,,Собата на баба,, беа дел од инспирациите за гурманските специјалитети презентирани од вештите раце на прилепчанки. На манифестацијата присуствуваа 450 жени, кои уживаа во уметничките декорации.

– Напреварот се состои од неколку дисциплини: вкус и декорација на главното јадење, декорација на салфети, изготвување на икебана, декорација на десерт и општ впечаток на целата декорирана маса, што ги отценува жири, но гостите на вечерта. Најдобрата поединка ќе биде дел од државната манифестација Вешта жена, кој завршува во Лешок – вели претседателот на Вешта Жена од Прилеп, Милка Бошкоска.  

Манифестацијата се организира 25 пати во 23 градови на Македонија и завршува со учество на победничките од сите градови на дражвната презентација. Целта е негување на наследството во готвењето на традиционални јадења и можност за средба на жени од различна возраст, национална и верска припадност.

Loading