ПОЛНО ЛЕГЕНДИ И ВИСТИНИ ЗА ПРИВЛЕЧНОСТА НА МАРИОВО

Kukata na Stale Popov vo Mariovo

Расимбеговиот Мост на реката Црна во Мариово претставува атрактивна локација поврзана со многу легенди и преданија. На 33 километри од Прилеп кон Мариово се сигнува по асфалт. Привлечноста е во тоа што природата го дарила просторот и ова живописно катче е мамка за мераклиите за викенди и одмор.

Едно од преданијата за мостот, кое се раскажува е дека Османлиите се обиделе да однесат околу 1.200 килограми злато од Отоманската банка во Битола при пропаѓањето на турската империја. Златото во шипки било скриено во близина на Расимбеговиот Мост, откако пропаднале обидите да биде пренесено преку Лерин. При обидот, водачот на карванот и неговиот пријател придружувани од вооружен аскер се обиделе златото да го приграбат и настанала пресметка кај мостот во Мариово. Преживеаните не можеле сами да го носат златото и го закопале в земја, а за локацијата направиле мапа. Приказната останува, иако имаше многу  институционални и неинституционални обиди за откривање на ова азното.

Меѓу привлечните места е и родната куќа на познатиот писател Стале Попов во близина на манастирот Св. Илија кај веќе иселеното село Мелница. Иако куќата е руинирана сепак го доловува некогашниот живот во Мариово.

Стале Попов (1902 – 1965) бил македонски раскажувач и романсиер. Од дете бил сведок на ропски живот на рајата под турските аги и бегови. Први раскази биле “Мице Касапче” и “Петре Андов”. Литературна афирмација доживеал со првиот роман “Крпен живот”. Потоа станал најплоден романсиер и раскажувач. Автор е на “Опасна печалба”, “Толе Паша”, “Калеш Анѓа”, “Дилбер Стана”, “Мариовскиот панаѓур”, “Мариовски раскази” и “Итар Пејо”. Во ракопис оставил богато литературно наследство од необјавена проза. 

Loading