„Македонскиот народ во Албанија“ од Спасе Мазенковски е книгата што ќе биде претставена утревечер од 18 часот во библиотеката. Промотор ќе биде Д-р Виолета Ачковска. Издавач е Друштвото за наука и уметност, а организатор на промоцијата е Граѓанската иницијатива за семакедонско обединување во рамките на семакедонската средба што традиционално се организира по повод раѓањето на големиот великан Гоце Делчев.
Промоцијата е можност за семакедонска средба со Мазенкоски и дружење на Македонците од Егејска, Пиринска Македонија, од Албанија и од Гора.