ПЕТ НАГРАДИ ЗА ПИЈАНО

Nagradi za pijano osvoeni vo Belgrad

Музичкото училиште се закити со пет награди. На почетокот од 2017 година, учениците учествуваа на меѓународниот натпревар за млади пијанисти „Даворин Јенко” во Белград, Србија.

– Се вратија со освоени 5 награди: прва награда освои Арсениј Ангелески, а втора Марија Котеска, Анастасија Петреска и Дафина Момироска, а пофалница – Исидора Ангелеска. Честитки за успехот и благодарност до  менторите Христина Никоска, Кире Гаралоски и Денис Најдоски – вели Игор Николоски, директор на  музичкото училиште.

Учениците се натпреваруваа со деца од Австрија, Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Србија и Бугарија. 

Loading