ОДЛИЧНИ ОДБРАНИ ВО МЕЦ

Благојче Трајкоски

Najdobrata parada - Blagojce   Trajkoski

Македонија се пласира во осминафиналето од Светското ракометно првенство во Франција, а меѓу заслужните за успехот е голманот Благојче Трајкоски. Прилепчанецот бранеше на првите три меча по кои дојде разврската за поминување на групната фаза. Особено се истакна на дуелот со Тунис, совладан со 34-30, на кој со серија одбранети удари ја воодушеви публиката во Мец. Иако дебитант во составот на селекторот Лино Червар, од него многу се очекува и во нокаут-мечот за влез во четвртфиналето, каде противникот е фаворит.

Трајкоски (30) е член на суперлигашот Охрид.

Loading