СЕКЕ ГИ СПАСУВА КООПЕРАНТИТЕ НА СТРУМИЦА ТАБАК

Покрај сопствените кооперанти, преземаме најмалку плус 500 тони тутун со просечна цена од 195 денари

Новата берба ќе се преработува во нов погон во Крушево

Proekcija na novata hala na Seke vo Krusevo

Новата откупна компанија на тутун, грчката Секе, со седиште и   преработувачки капацитети со 200 работници во Крушево, ги спасува кооперантите на фирмата Струмица табак во земјава, откако оваа компанија пропадна, а околу 2500 тони тутун и неколку илјади кооперанти останаа на цедило. Секе лани се етаблира на македонското тутунско небо и зеде силен замав. На повикот на Министерството за земјоделие да се преземе тутунот од кооперантите на Струмица табак, прва се одзва да ги прифати сите понудени количества на тутунарите не само од Пелагонија, туку и од струмичко и од радовишко и да го исплати ланскиот род на типовите Прилеп, Јака и Басмак. Покрај склучените околу 1500 договори со сопствените кооперанти и веќе преземените околу 800 тони, Секе се впушти во акција.

Strumickite koopernati vo Seke - Jane StankoskiЈане Станкоски, раководител во Секе, вели дека договорите на Струмица табак немаат важност.

-Тутунарите на Струмица табак, без разлика дали се од Прилеп, Битола Крушево, долненско, струмичко, радовишко, да појдат во подрчните единици на Министерството за земјоделие и да потпишат изјава заверена на нотар, чии трошоци паѓаат на наш товар. Со тоа, договорот со Струмица табак станува неважечки. Потоа Министерството дава нов евидентен лист, кој тутунарите ќе го донесат во нашите простории. Врз таа основа, со нашата компанија ќе склучиме нов договор за откуп на тутун за реколтата од 2016 година и преземаме обврска да го купиме тутунот и да го платиме за седум дена. Станува збор за 2500 тони тутун, од кои во пелагонискиот дел се околу 1500 тони. Во Пелагонија имаме отворени 15 откупни пунктови. Имаме три пунктови за откуп во Радовиш и во граничното струмичко село Јаргулица. Тутунарите, ако се организираат, можат да го донесат и со камион што ние го плаќаме. Завршен е откупот за нашите кооперанти речиси 90 отсто. Преостанува да им помогнеме на тутунарите од Струмица табак. Досегашната просечна откупнаи цена е 195 денари или повеќе од државниот просек од 192 денари – објаснува Станкоски.

Тутунарите изразуваат задоволство што некој се погрижил да им подаде рака и да ги згрижи да не им пропадне едногодишниот труд што им претставува егзистенција на нивните семејства. Затоа и реакциите се позитивни, не само за проценката, туку и за постигнатите цени.

-Арно што се најде Секе да не куртули од неизвесноста и да ни понуди можност да го спасиме родот. Поинаку, ќе станевме социјални случаи при големи произведени количества тутун. Признавам дека и цените се високи, соодветни на квалитетот. Проценките на туутнот за откуп им се над втора класа. Им честитам што најдоа сили, а и пари да помогнат – вели Мурат Алиоски од селото Дебреште.

Инаку, Секе е во процес на инвестирање од неколку милиони евра во новиот преработувачки капацитет во Крушево. Додека стручнаците ги  привршуваат проектите за изведување на градбата, која треба да стартува пролетва, преземените количества ги обработуваат околу 200 работници во најмениот објект на околу десет илјади метри квадратни магацински адаптиран простор на некогашната откупна фирма Нико Доага во Крушево. Се очекува во април да се добие градежната дозвола за новиот објект и да стартува градбата. Според Станкоски, се очекува, новата откупна сезона, 2017 година, да се преработува родот на модерна технологија и во нов производствен погон од десет илјади метри квадратни.

Loading