Проверена опција

– Бројните реализирани проекти од ВМРО-ДПМНЕ им помагаат на луѓето и со тоа го прават нивниот живот подобар од што бил, поквалитетен во повеќе сегменти. Во Програмата за Парламентарните Избори 2016 година “Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок”, предвидено е економијата да остане врвен приоритет. Во следниот мандат посветено ќе се подобрува бизнис климата, ќе се продолжи креирањето на нови проекти и мерки за поддршка на фирмите. Македонија и во следните 4 години ќе биде земја со најниски даноци во Европа и земја со најповолна бизнис клима во Југоисточна Европа. Ќе продолжи оданочувањето со 0 отсто данок на реинвестирана добивка. Во наредниот период ќе се реализираат бројни капитални проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетиката со посебен фокус на гасификација на земјата, со што ќе го подобриме квалитетот на инфраструктурата во Македонија, како предуслов за јакнење на конкурентноста на приватниот сектор. Ќе продолжи проектот “Македонија вработува 2”, како и силната поддршка на младите претприемачи со финансиски грантови, обуки, тренинг и преквалификации и други активни мерки преку АВРМ. Со кредитните линии од МБПР ќе се поддржува земјоделството, преработувачката индустрија и извозните компании. Преку репласирање на 101 милион евра од поволните кредитни линии на ЕИБ ќе продолжи пристапот до финансиски средства за домашните фирми. Ќе се намали цената за приватизација за градежно земјиште со намена Г-стопански и производни објекти на кое фирмите имаат корисничко право, но е во сопственост на Република Македонија на 70 денари по м2. Ќе обезбедиме поддршка за вклучување на домашните компании во синџирот на добавувачи на мултинационални компании, со што ќе се зголемат придобивките за економијата од присуството на странските инвеститори. Со цел да ја намалиме невработеноста уште повеќе, во наредните години, според новата програма на ВМРО – ДПМНЕ, проектирани се рурални развојни зони. Се предвидуваат даночни и други ослободувања, како и финансиска помош за лицата кои сакаат да отворат бизнис во руралните подрачја – вели Груевски.
![]()

