Победа
Финишот од прволигашкото првенство беше шанса за поправање на впечатокот, пласманот и бодовното салдо на Победа, но не се искористи. На петте меча во серија се освоија само пет бода, а сигурно дека планот беше барем три повеќе од тоа. И последниот натпревар дома е загубен, со 0-2 од Ренова, со примени голови во финишот. Можеби ќе беше обратно ако се реализираа шансите на Шаркоски, Мустафов и стативата на Гешоски. По деветтиот пораз претстои тешка борба за опстанок, бидејќи седмото место е достижно, но и непосакуваното деветто е уште поблиску. Во клубот неминовни се мерки и во таа насока се првите најави. Веќе има контакти со евентуални засилувања од Бразил и од Србија. По кусата пауза ќе има подготовки, а пролетниот дел продолжува на 19 февруари, во Битола, против Пелистер.
Табела: Вардар 41, Шкендија 37, Пелистер 29, Работнички 28, Силекс 24, Ренова 23, Шкупи 16, Победа и Македонија ЃП 15, Брегалница 11.
За сивилото да биде потемно придонесе средата, кога за четвртфиналето од Купот, во Штип е доживеана елиминација со пораз 3-0 од Брегалница.
![]()

