Победа
Победа го доживеа шестиот есенски пораз, од шампионот Вардар (2-1), но со играта не разочара. Напротив, во првиот дел и на почетокот од вториот беше подобра од домаќинот, водеше со голот на Гешоски, но не издржа . Во финишот прими два гола. Клубот реагира на судењето, предводено од Далибор Ѓорѓевски од Куманово, познат по ланскиот прекин дома со Македонија ЃП, по кој следеа седум натпревари казна на неутрален терен. Вториот дел од причината се бара во сопствените редови. Ако при резултат 0-1 се искористеше шансата на Цветаноски во 50 минута, можеби триумфот ќе беше запечатен. Најобјективната оценка ја дадоа околу 300 навивачи, кои на фудбалерите им даруваа торта со клупскиот амблем.
В сабота во Битола следи дуелот со Шкендија, а во паузата на 11 ноември е контролниот меч со Младата репрезентација во Охрид.
Табела: Вардар 28, Шкендија 21, Работнички 20, Пелистер 19, Ренова 16, Шкупи и Силекс 14, Победа 10, Македонија 9. Брегалница 8.
![]()

